Победа Валандово продолжува со победите, дури 10 погодоци во Нов Дојран

фото: ФК Победа Валандово

Денеска беше одиграно деветото коло од Третата фудбалска лига Исток. Беа одиграни пет натпревари и ова беше навистина ефикасно коло со многу погодоци, а беа постигнати голови на сите натпревари.

ФК Тиверија 1:6 ФК Победа Валандово
Голема и заслужена победа за валандовчани. Фудбалерите на Победа Валандово одиграа одлично во гости и со шест погодоци во мрежата на Тиверија ја продолжија својата победничка серија.

ФК Малеш 0:1 ФК Ударник

ФК Ударник со победа се врати од гостувањето во Берово, против екипата на Малеш. Со дисциплинирана игра и борбен настап на тежок гостински терен, Ударник успеа да ги освои трите бода.

ФК Карбинци 1:1 Брегалница Делчево

Карбинци и Брегалница Делчево ги поделија бодовите. Гостите од Делчево имаа неискористен “зицер” за победа во последната минута.

Хоризонт Турново 4:1 Светлост Зрновци

Хоризонт немаше проблеми на домашен терен против ,,фенерџијата” Светлост Зрновци и го совладаа со високи 4:1.

Дојранско Езеро 4:6 Овче Поле

Најефикасниот натпревар ова коло беше одигран на градскиот стадион во Нов Дојран со дури 10 погодоци. На крајот сепак славеше гостинската екипа од Свети Николе.

Победа Валандово е прва со 22 бодови, следува екипата на Ударник со 19 бодови на второто место, на третото и четвртото место со ист број на бодови по 16 се екипите на Хоризонт Турново и Овче Поле, Карбинци е на петтото место со 13 бодови.