
Според новиот календар, денес 3 Јуни се одбележува празнувањето на Св. Цар Констатин и царица Елена. Според христијанското верување, тие го откриле Светиот крст, поради кое во Православната црква се сметаат за светци. Верниците денеска ја посетија црквата во штипската приградска населба Балканска која го носи името на овие светци. Запалија свеќи за здравје, се помолија за среќа, мир и бериќет.
Освен тоа, празнувањето за некој беше одбележано и со кревањето на панагии, кој во Христијанството означува симбол на Телото Христово, што служи за причестување во православната црква.
Според Јулијанскиот календар, овој празник менува ден, а не менува дата и секогаш се паѓа на 3 Јуни. Денес покрај црквата, прославата продолжува и во домовите на оние кој имаат слави и имендени, како Елена, Константин и Косто.
Лаура Стојанова, М-Нет