Брегалница остана без Михаил Маневски, штипјанецот е нов играш на Тиквеш

Екипата на Тиквеш која го освои Купот на Македонија и која ќе игра во квалификациите за Лигата на конференции, се засили со штипјанецот Михаил Маневски.

Левиот офанзивен бек во Кавадарци доаѓа од штипска Брегалница, а во својата кариера 25-годишникот има настапувано и за Гостивар, Силекс, Шкендија и Брера Струмица.

Претходно, Тиквеш се засили со голманот Стефан Тасев, Давид Манасиевси, Ѓорѓи Ѓорѓиев, а како што дознава телевизија М Нет веќе се преговара и со двајца интернационални од Бразил кој ќе треба да го засилат Тиквеш кој е предводен од Ѓорѓи Мојсов. Дополнително засилување ќе биде и враќањето на Алмир Чубара од повредна.

Тиквеш квалитетно се засилува за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига, но и за предизвиците кои го чекат во Европа.

Тиквеш сезоната ја заврши на 4. место на табелата со 44 бодови, го освои Купот на Македонија откако во големото финале славеше над Воска Спорт со 2:1.

Александар Ванев, М-Нет