
Кривична пријава за угостителскиот објект во Штип каде на 18 месецов едно лице загина, а друго е тешко повредено при повреда во лифт. Државни инспектори за труд од областа на работните односи, безбедност и здравје при работа излегоа на лице место и од увидот на самото место и прибавените информации, утврдено е дека се случила несреќа при работа на две ангажирани лица.
Анажираните лица извршувале работни задачи- сервирање и послужување на храна и пијалоци во ресторанот Астибо Плаза Штип. Во моментот кога се случила несреќата, истите ангажирани лица од кујната (која се наоѓа на првиот спрат од објектот), внесувале количка со празни чинии во теретен лифт и во моментот кога ја внеле количката во лифтот доаѓа до откинување на сајла на лифтот, при што лицата паднале со лифтот од висина од 4,80 метри и истите се здобиле со тешки телесни повреди. Присутните лица кои биле работно ангажирани во ресторанот, изјавија дека веднаш по падот на двете лица, истите биле контактибилни, укажана им е медицинска помош по што веднаш се транспортирани во ЈЗУ Клиничка Болица Штип.
Од областа на работните односи, констатирано е дека со двете ангажирани лица, работодавачот нема склучено договори за вработување и истите работеле ка работодавачот спротивно на законските одредби.
„Од областа на безбедност и здравје при работа, утврдено дека работодавачот има проценка на ризик на работните места, а нема склучен договор за вршење на систематски прегледи со овластена здравствена установа од областа на медицина на трудот, нема спроведено систематски прегледи во овластена здравствена установа од областа на медицина на труд за двете ангажирани лица В.П и Т.О за истите лица нема спроведено соодветна обука за безбедност и здравје при работа по посебна програма од страна на овластена стручна фирма од областа на безбедност при работа и нема упатство за безбедно извршување на работните задачи за работно место –угостителски работник.“ – велат од Државниот инспекторат за труд,
Од причини што кај ангажираните лица кај работодавачот настапиле тешки штетни последици по нивниот живот и здравје, односно настапила смрт и тешка телесна повреда а воедно и двајцата биле работно ангажирани спротивно на закон, Државниот инспекторат за труд ќе поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство.
Лаура Стојанова М-Нет