Позната казната за Башкими после инцидентот во Куманово

Денеска беше донесена одлуката од страна на комисијата во ФФМ за казната за Башкими после инцидентот во Куманово на натпреварот на Башкими против Каменица Саса. Башкими е казнет со два натпревари како домаќин да игра на 100 км надвор од Куманово и парична казна од 2500 евра. Па така, следниот натпревар во недела што требаше да се игра во Куманово против екипата на Кожув Гевгелија ќе се игра надвор од Куманово.