Со илјада денари претходно се пазарувало за пола месец, сега се доволни само за макарони и сирење

Свежото овошје за 12,6% поскапо овој јули за разлика од истиот месец минатата година, зголемување на цените има и кај лебот за 3.8%, сирењето и урдата за 1.8%. Покачени се цените на електричната енергија, цените за сместување, течните горива за домаќинставата и слично. Ова за граѓаните во Штип е вистински удар по нивниот џеб. Заради ваквата ситуацијана терен младите бегаат надвор од државата да бараат егистенција, а повозрасните едвај сврзуваат крај со крај.

„Тешко, тешко се живее. Не се издржува, децата ни бегаа по странство. Едно време мизерувавме, куќи правивме со кредити да ги задржиме децата, ама они бегаа, сег ание мачеме се тука.“ – велат граѓаните.

Со илјада денари пред неколку години се пазаруваше за половина месец сега може да се купи само леб, сирење и макарони.

„Во продавница отидеш со 1000 денари те толку малку нешто купеш, претходно со тие пари за пола месец можеше да се испазарува, а сега…“ – додаваат граѓаните.

Инаку, индексот на трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи зголемување од 8.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.9 %, согласно последните податоци на Државниот завод за сттистика.

Лаура Стојанова М-Нет