
Високите температури и топлото време делумно ги наполнија болничките простории. Само за викендото во Интата помош во Штип имало околу 90 прегледи во амбуланта и 30 прегледи на терен. Но, со зголемување на температурите се зголемуваат и повиците од лицата со хронични болести кои имаат потреба од медицинска помош.
„Обемот на работа е дефинитивно зголемен со температурите. Во текот на викеднот имавме околу 90 прегледи во амбуланта и околу 30 на терен. Покрај проблемите со топлото време кои се јавуваат со здравствената состојба бележиме и нови компликации и кај пациентите кој имаат хронични болести, кои имаат потреба од медицинска интервенција.“ – кажа доктор Дејан Манов.
За потребите на граѓаните од итната помош истакнаа дека се трудат да излезат во пресрет и да одговорат на нивните барања. Тоа можеше и да се забележи бидејќи имаше повици од граѓани кон 194 но имаше и соодветен одговор од таму.
Манов со препораки од граѓаните да излегуваат непотребно надвор за да немаат потреба од брза помош.
Лаура Стојанова М-Нет