23-годишник од Кочани подигнал брзи кредити во вредност од 75.000 денари на туѓо име

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против В.А. (23) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела „измама“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“. На 26.05.2023 пријавениот, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, го довел во заблуда Д.Ј. од с.Блатец, виничко, и од него прибавил фотографии и лични документи, по што на 05.06.2023, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, од различни финансиски друштва подигнал брзи кредити во вредност од 75.000 денари и ги ставил на банкарска сметка на име на Д.Ј., а потоа направил трансакција во правно лице.