14 септември – светски ден на атописки дерматитис, како се појавува и како се лечи истиот?

Денеска 14 септември се одбележува светскиот ден на атоипскиот дерматитис, болест која најчесто се појавува кај децата под седум годишна возраст, но се случува и да продолжи и да се појавува и во повозрасна доба. Симптомите на атописки дерматитис се црвенило и осип на кожата, но освен површна кожна болест тој е и хронична систематска болест. За прв 14 септември како светски ден на атописки дерматитис се одбележува во 2018 година. Педијатарот, доктор Ана Бурева вели причините за појава на оваа болест кај децата е различна.

„Атопискиот дерматитис е една состојба која често се јавува во детската возраст, ги зафаќа поголемиот број дури 60% од децата. Најчесто поврзасноста е со алергии. Кожата кај децата е сува, кај одредени делови има појава на црвенило и појава на чешање. Најчесто се појавува на места под пазувите, позади колената, околу вратот, на рачињата и слично.“ – истакна Бурева.

Во зависност од што дошло до појава на атопскиот дерматитис се бара и најсоодветниот начин за негово лекување. Оваа болест кај децата не е заразна односно не се пренесува од дете на дете.

Според педијатрите оваа болест кај децата може да биде наследна, а врз истата влијаат и повеќе фактори од средината во која живее и која го опкружува детето, како што се храната, групата облека, контакт со средства за хигиена, потењето и слично. За ублажување на болеста постои помошна терапија која ги ублажува нејзините симптоми.

Лаура Стојанова М-Нет