
Второлигашот Пелистер вечерва промовираше ново засилување. Битолчани се засилија со искусниот прволигаш Јорданчо Наумовски кој доаѓа од редовите на прилепска Победа.
Транстер кој телевизија М Нет го најави пред две недели, а вечерва беше потврден.
Во својата кариера покрај за Победа, Наумоски има настапувано и за Тиквеш, Металург, Брондби, 11 Октомври.
Пелистер презими на 3. место со 33 бодови, два помалку од второпласираниот Детонит Плачковица, а 7 помалку од лидерот Беса.
Александар Ванев, М-Нет