Проектите и планот за уредување на населбата Три чешми денес презентиран од ВМРО – ДПМНЕ. Кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов, и носителот на советничката листа, Владко Захариев, преку промотивна видео – прес конференција наведоа низа новини кои се во насока на подобрување на животот во населбата.
„Во населбата Три чешми ќе направиме услови за квалитетен живот на сите генерации. За нашите деца ќе уредиме простор за детска градинка во склоп на училиштето и ќе уредиме парк со детско игралиште во населбата. Наша обврска е во населбата Три чешми да ги подобриме условите за спорт и рекреација на постоечките спортски игралишта, но и да обезбедиме јавен превоз до центарот на градот“, истакнаа тие.
Составот на ВМРО – ДПМНЕ своите проекти и ветувања дополнително ќе ги изложат на вечерашната средба со жителите во населба Три чешми.
Ребека Спасова МНет
