Рано изутрина, пред пет часот, 38 годишен штипјанец со иницијали Д.С. и 29 годишен жител од с. Стар Караорман, со иницијали Д.Д. со физичка пресметка го нарушиле јавниот ред и мир.
Настанот кој бил пријавен во СВР Штип се случил кај филтер станицата во штипската населба Баби. Од СВР Штип известуваат дека откако ќе биде комплетиран случајот, против двајцата учесници во тепачката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк