Штип на првото место по позитивни лица на Ковид-19, на 100 илјади жители

И покрај намалувањето на бројот на лица позитивни од Ковид-19 во нашата држава, и во Општина Штип, според податоците на Институтот за Јавно здравје информираат дека заклучно со 10 јануари високото прво место на најмногу заболени на 100 илјади жители има во Штип.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.420,7 на 100.000 жители, Скопје, Кавадарци  и Свети Николе,а инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Радовиш и Крушево“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Од последните информации кои ги добивме од Клиничката болница Штип, во извештајот од последното деноноќие хоспитализирани се 34 лица, ново примени 7 позитивни лица. Испишан е само еден пациент, а на кислородна поддршка се 25 пациенти. Има и едно починато лице. Алармантноста на ситуацијата овде не е загрижувачка бидејќи слободни има 33 кревети, информираат од Клиничка болница Штип. За разлика од претходните два бранови на Ковид 19, кога се случуваше да има по еден слободен кревет, сега може да се каже дека ситуацијата е малку по смирувачка.

Инаку, од почетокот на пандемијата во нашата држава вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.

Лаура Стојанова М-Нет