
Со полно срце љубов и топлина, штипјани се подготвени достојно да го пречекаат празникот Архангел Михаил. Пред камерите на М-нет телевизија велат дека предвечерито на празникот денеска е посно, а веќе утре е мрсно. Истакнаа дека вечерва празнуваат оние што имаат слави и панагии, а веќе утре оние што имаат имендени. Посна трпеза полна со сарма, кифли, салати, мезе, благо е храната која штипјани ќе подготват за вечерва.
“Посни сарми, салати, мезе, посни кифли, благо обавезно. Масновно се посетуваат храмовите, исто и домовите се спремаат.“, додаваат граѓаните
“На синот е име, славиме да. Вечерта е посно, а утрето мрсно. Може риба, гравче, се.“ , велат граѓаните.
За овој празник секогаш од претходно треба да се тргне нешто на страна, за да се пречека празникот како што треба, додаваат анкетираните.
“Се снаоѓаат од секогаш и сиромаштија е било, ама лугето се итри, паметни, штедливи, најдат за тај ден и за тај празник испочитува се.“, велат граѓаните
Инаку, овој празник секогаш се чествува на 21 ноември. Пред да го создаде материјалниот свет, земјата, небото, ѕвездите, човекот ,Господ го создал духовниот свет – ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи. Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја.
Лаура Стојанова, М-Нет