Шест награди „8 Ноември“ ќе се доделат за празникот на градот, познати имињата на добитниците

Усвоен предлогот за добитници на осмоноемвриски награди на последната 53. седница на стариот состав од Советот на Општина Штип. За Денот на ослободувањето на Штип ќе бидат доделени шест награди „8 Ноември“ од кои три се доделуваат постхумно за тројца новинари.

„Според тоа, по повод празникот, наградата „8 Ноември“ за 2021 година се предлага да се додели на Дамјан Давков за исклучителен придонес во афирмирањето на Штип како млад математичар, носител на светски и европски признанија на натпреварите по математика. За 2021, согласно одлуката, се предлага наградата „8 Ноември“ да биде доделена на Драган Ристов за исклучителен придонес за афирмирањето на Штип како публицист, новинар и сликар, постхумно; Трајче Јованов, за исклучителни постигнувања во сферата на новинарството и истакнат општественик, исто така постхумно; Горан Гаврилов за исклучителен придонес во афримирањето и за основач на првата национална мрежа и истакнат општественик, исто така; Друштво за планинарски спортови „Лисец“, како едно од најуспешните друштва во Штип и Република Македонија за тековната година и Кристина Ампева за исклучителен придонес во заштита на правата на конфекциските работници како активист и претседател на Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“Изјава 0803 од 03:41 (според) до 04:01 (математика) лепено од 06:21 (признанието) до 07:12 (текстилец), Кирил Панајотов, Член на Комисија за награди и признанија

Предлогот на советникот Јане Миланов, за точката да не се гласа, туку веднаш да биде акламативно усвоена, беше прифатен. Предлог – одлуката на Комисијата за награди и признанија беше едногласно усвоена и поздравена со аплауз и минута молк за тројцата штипјани на кои наградите ќе бидат доделени постхумно.

Оваа година се одбележуваат 77 години од ослободувањето на Штип, а во однос на наградите, освен признание добитниците ќе добијат и награда, бидејќи секоја петта година по ред се доделуваат и награда и признание, а годинава е петта по ред.

Ребека Спасова МНет