Шампион ФА од Штип со триумф ја започна новата сезона во пинг-понг Суперлигата, висок пораз за Радовиш

Со натпреварите од првото коло започна новата сезона во пинг-понг Суперлигата.

На стартот од сезоната штипски Шампион ФА беше сигурен против тимот на Крива Паланка 2007 со резултат од 4:2.

Радовиш немаше сили и беше надигран и убедливо поразен со 0:4 од екипата на Младост 96, додека пак неизвесен меч одиграа Телеком Нец 2 и АС Ѓорче Петров кој заврши со резултат од 4:3.

Во првото коло беа забележани уште две високи победи. Екипата на струмички Астраион со 1:4 славеше над Пелагонија, а пак Крива Паланка без проблем со 4:1 го доби Вардар.

Во однос на првото коло во Првата лига екипата на Берово 1 со 4:0 го доби Берово 2, Пелистер беше пресилен за Дебар Маало со 4:0, Телеком нец со 3:4 загуби од Куманово, а пак Младост со 1:4 го доби тимот на Рисови, а Борец Тим со 4:1 славеше над Студент.

Во однос на Втората лига Прилеп со 4:0 го доби Кочани, Младост 96 2 со 4:0 беше пдообар од Хепи, Мара Лопка со 4:1 славеше над Патриоти 1, а пак Саса со 4:2 беше подобра од Патриоти 2. Во рамки на второт около од првиот турнус екипата на Прилеп го доби Хепи со 4:1, Младост 96 2 беше подобар од Кочани со 4:1, Мара Лопка славеше над Патриоти 2 со 1:4, а пак Саса немаше сили за Патриоти 1 и загуби со 1:4.

Александар Ванев, М-Нет