
Низа настани се нижат на синџируот на хуманост за младата Сибел Омерова на која и се потребни финансиски средства за лекување. Во таа чест денес во Домот на културата „Ацо Шопов“ се организира изложба која е дел од ликовното ателје , со цел средствата собрани да се донираат. Повеќе организации и претседателот на фондацијата кој го формира солидарниот фонд од Општината со цел да го дадеме максимумот за Сибел, вели Трајков дирекоторт на Домот на културата.
„Денеска ја посветуваме ова изложба која што е дел од ликовното ателје и центарот за култура „Ацо Шопов“ во хуманитарни цели и сите средства од продажба на сликите ќе бидат донирани за Сибел Омерова кои што се потребни средста за операција за зафатот во Турција каде што се наоѓа моментално. Моментално сме собрани повеќе организации и претседателот на фонацијата која ја формира солидарниот фонд во Општината.“ – изјави Трајков
Околу 50 дечиња се вклучени во изложбата, а темата на која сликале е „Штип град на текстилот“.
Моментално има околу 50 тоа се на дечиња од три возрасни групи имаме ученици кои се средношколци, по предметна настава, оделенци и најмалите членови 5 годишни дечиња. Темата на изложбата е „Штип град на текстилот“ сите знаеме колку е важна гранката во индустријата, техниката е акрил на платно. Изложбата е продажна, средставата ќе бидат донирани за Сибел Омерова на која и е потребна помош, тоа ќе се случи вечерва на отварањето во 19 часот.“-додава Наумова
Дециден Коцев кој вели дека во рекорден број ќе бидат собрани парите за лекување на Сибел, и граѓаните ќе ја покажат својата хуманост на дело.
„Кога се сите граѓани, јас го минав тај дел без подршка на гаѓаните, независно до етничка, верска припаднст Средставата според мене за Сибела ќе бидат во рекорден број собрани исто како што беше и за мојо случај. “ – додава Коцев
Дечињата кои беа дел од хуманитарната избожба, велат дека нашиот град секогаш излегува во пресрет кога е потребно.
Дечињата од студиото на денешната изложба прикачија слики од фустани, машини кои ги изработувале најчесто со акрилни бои.
Лаура Стојанова, М-нет