Христов донесе три бода за “лавовите” на гостувањето кај Башкими

Симеон Христов со гол во финишот обезбеди три бода за Македонија ЃП која триумфираше со 1:2 над Башкими во Куманово, со што се комплетираше 2. коло во Втората лига, а овој меч можевте да го следите само на телевизија М Нет.

Крсте Велкоски од пенал во финишот на првиот дел обезбеди предност од 0:1 за “лавовите” на полувреме.

Во вториот дел Хусеин Демири постигна гол за 1:1, а тоа ја врати атмосферата на трибината. Во финошот на мечот Христов постигна гол за конечни 1:2 и три бода за ланскиот прволигаш, кој е прв фаворит за враќање во елитата.

Александар Ванев, М-Нет