Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија, рече Лефков

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти.

„Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, рече Лефков.



Тој посочи дека додека во Европската Унија се разговара за пристапувањето на земјите од Западен Балкан и за Планот за раст, Филипче и бугарскиот претседател Румен Радев, според него, бараат уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Лефков оцени дека таквиот пристап не нуди гаранции за заштита на националните интереси и не обезбедува предвидлив евроинтегративен пат за државата.

Тој обвини дека Филипче и СДСМ доколку се на власт, ќе потпишат дека Македонија е од 1945 година, а пред тоа сме биле Бугари.

Текстот Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија, рече Лефков е превземен од МАКФАКС.