
Утре завршува учебната година за средношколците, додека на 14 јуни завршува учебната година за основците. Оваа учебна година се карактеризира со многу предизвици, учебна година без учебници и со безбедносни пречки. Но, на ниво на општина Штип, од секторот образование велат дека годината поминала без потешкотии, без пријави за бомби кои беа најактулени изминатиот период, и без некои поголеми проблеми или прекини на наставата.
„На 10 јуни завршува учебата година за средношколците, а на 14 јуни за исновците. Во Штип завршуваат 548 матуранти, а во оснoвно образование завршуваат 369 ученика. Учебната година заврши без некои особено големи проблеми, немаше прекини освен оние кои беа најавени од МОН во текот на зимскиот период. Што се однесува до безбедносната состојба знаеме дека оваа година тоа беше актуелно, за среќа во Штип немаше најави за загрозување на безбедноста во училиштата, наставата се одвиваше континуирано без некои поголеми проблеми“ – вели Санева.
Основците ќе одат три дена повеќе на училиште оти се пролонгираше зимскиот распуст заради заштеда на електирчна енергија. Второто полугодие наместо на 18 јануари, започна на 23 јануари.
Лаура Стојанова М-Нет