Успешно спроведена крводарителската акција во Карбиници, собрани над 20 единици крв

Денеска се спроведе нова крводарителска акција во Општина Карбинци во соработка на Форумот на жени на СДСМ со Трансфузиона медицина Штип. Целта единствена – да се дарува крв и да се спаси човечки живот. Одговорните медицински лица задоволни од собраните единици крв.

„Денес во организација на Форумот на жени на СДСМ на Карбинци се организираше крводарителска акција, која трае од 9 до 14 часот. Имаме околу 20 единици крв собрано“, истакна претседателот на СДСМ Карбинци, Борче Стоименов.
„Денеска имаме крводарителска акција во Општина Карбинци. Му благодариме на Градоначалникот на Општина Штип што со задоволство ја прифати нашата понуда да организираме една акција и што ни даде голема поддршка во истата. Задоволни сме, презадоволни од излезот на граѓаните и ги повикуваме сите хумани граѓани да дојдат да даруваат денеска“, рече трансфузиологот, Моника Стоилева.

Вакви крводарителски акции се организирале по два пати годишно од годините претходно, истакна Градоначалникот на Карбинци, Јордан Насев, но заради ковид – пандемијата овој тренд минатата година беше намален. Годинава оваа е прва крводарителска акција спроведена и реализирана во Карбинци.

„Станува збор за една акција којашто повеќе од десетина години се организира. Редовно, во годината по двапати се организира, меѓутоа ако се земе предвид ковид – кризата и другите неприлики коишто нè следат како население, неколку пати не се организираше, па сега за првпат, значи. Околу 50 редовни крводарители од Карбинци се известени за денешниот настан. Очекуваме една задоволителна бројка. Самиот чин дарување на крв, којшто е од голема хумана важност, со самата помисла дека спасуваме човечки живот со оваа важна течност е доволно за секој совесен граѓанин којшто може да дарува крв да пристапи кон оваа акција. И не само во Карбинци, туку секаде каде што ќе се организираат овие акции ги повикуваме сите граѓани активно да се вклучат во еден ваков чин“, апелираше Насев.

Крв денеска даруваше и Насев, кој истакна дека ова не е прво негово дарување крв и е задоволен од граѓаните кои денеска го сторија истото. И останатите крводарители со иста цел – да спасат човечки живот и да помогнат онаму каде што е најпотребно.

„Значи, денес ми е 14. пат како дарувам крв. Препорака до оние коишто досега не дарувале крв да се охрабрат и самиот чин ќе ги направи многу посреќни“, истакна Насев.
„Имам седум – осум пати дарувно крв досега, не ми е првпат. Дарувај од срце, спаси живот!“, апелираше Стоименов.
„Денес првпат дарувам крв, добро се чувствувам, во ред е, организацијата е прекрасна.“

За оваа недела ова е втора организирана крводарителска акција. Претходната беше во понеделникот, во просториите на Општина Штип, каде што се собраа 20 единици крв.

Лаура Стојанова МНет