Тренчевска: Семејното насилство во државата намалено за 4.3% споредбено со 2021 година

Семејното насислтво во 2022 година намалено за 4,3% во споредба со 2021 година, истакна денеска на прес конференција Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Посочува дека и понатаму најголем дел од жртвите на семејно насилство се жени, ама не изостанува и насилството кај мажи и деца. Сторители на семејно насилство пред сѐ се мажите.

„Во 2022 година имаме евидентирано нови 1543 жртви на семејно насилство, од кои жени се 1074 мажи се 252 и 227 деца жртви на семејно насилство. Најмногу жртви има во скопскиот регион, потоа во Пелагонискиот. Во споредба со 2021 година имаме намалување на бројот на жртви за 4,3%. “ – вели Тренчевска.

Најзастапено е психолошкото насилство додава Тренчевска, а застапени се и другите видови насилство. Работа имало и за центрите за социјална работа кои поднесуваат барања до граѓанските судови, како и судовите кои изречуваат првремени мерки за заштита на жртвите од семејно насилство.

„Најголем дел од жртвите биле жртви на психолошко насилство 1051 жртва, потоа физичко насилство 846 жртви имаме пријава на сексуално насилство шест жртви и 25 жртви се жртви на економското насилство. Од страна на центрите за социјална работа до граѓанските судови се поднесени 2095 барања за привремени мерки за заштита на жртвите на насилство, а изречени се 1823 привремени мерки“ – додава Тренчевска.

Советувалишта за жртви од насилство има отворено во сите Плански региони во државата, како и советувалишта за лицата кои вршат насилство. Претходната година 83 жртви на семејно насилство биле сместени во овие советувалишта на ниво на државата.

Лаура Стојанова М-Нет