Силен земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит, а епицентарот бил северно од Ираклион.

Земјотресот бил на длабочина од 14,4 километри, пренесува Катимерини.

Засега нема извештаи за евентуална штета.

Претходно, рано утринава во 06:12 часот на тоа подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, а беа забележани и неколку уште послаби земјотреси.

Текстот Силен земјотрес го погоди Крит е превземен од МАКФАКС.