Сезонските овошки во центарот на вниманието на пазарот во Штип – изобилуваа на секоја тезга

Мандарина, јаболко, банани – сезона на овошките и истите најбарани на пазарот во Штип. Граѓаните веќе завршија со зимниците, па продавачите и трговците велат дека денеска најбарани се сезонските овошки кои во изобилство ги имаше на секоја тезга на пазарот.

„Задоволително е денеска, луѓето повеќе бараат овошје оти зимницата е веќе ставена. Овошјето се троше повеќе, банана, мандарина, јаболко.“ – велат продавачите.

Цените идентични како пред многу години, промена ако има тоа е минимално велат продавачите. Инфлацијата се чувствува согласни пазарџиите, но цената на овошките е достапна за џебот на граѓаните. По пазарите како што додаваат уште важо праксата да се преговара за цената, за разлика од маркетите каде е фиксна.

„Можеби тука некаде, можеби се и пониски, многу минимало се променети цените, еве на пример протокалот беше лани 40 сега е 50 денари килограм ама дополнително цената ќе „падне“.“ – велат продавачите.

Освен сезонското овошје задоволителна беше побарувачката и на салата. Зелката која ќе биде достапна до Нова Година се купуваше по цена како пред 15 години.

„Од утринава не е нешто посебно, ама ќе се раздвижи. Цените се стандардни како и лани, на зелката и марулата.“ – додаваат продавачите.

Купувачите задоволни од изборот на производи на пазарот во Штип, вели се купува секој согласно своите примања.

Лаура Стојанова М-Нет