Санев: Предвидувам замена на азбестната водоводна мрежа во Штип

Првото појавување во јавноста на кандидатот за градоначалник во Штип од редовите на коалицијата ЛДП  – ДОМ, Ванчо Санев ја искористи да вети целосна замена на азбесната водоводна мрежа во Штип со нови водоводни цевки.

„Веројатно сте запознаени со штетните и канцерогени својства на материјалот азбест кој од 2005 година е целосно забранет во произвотството и наложена е негова замена во било кои градежни материјали на територија на ЕУ. Општина Штип 16 години подоцна од таа одлука на ЕУ се уште користи азбесни цевки во водоводната мрежа во должина од 42,5 километри. Предвидувам до крајот на својот мандат како градоначалник на Штип целосна замена на азбесната водоводна мрежа со нови водоводни цевки“ – истакна Санев.

Коалицијата ЛДП – ДОМ вчера беа во посета и на Виница и под мотото „Одлучно за промени“  ги ветуваат истите во општините од Истокот. Носителот на советничка листа во Виница, Ацо Митев истакна дека ќе се борат да внесат инклузивност во Советот и да придонесат за подобар град. Според претседателот на ЛДП, Горан Милевски вели дека оваа коалиција заслужува да биде трета политичка сила во државата.

Дискусијата за добри проекти е неминовна според Милевски исто како и користењето на еврпоски средства и зачувување на меѓународната соработка. Советниците на коалицијата ЛДП – ДОМ се со име чувари на општините.

Лаура Стојанова М-Нет