Раст на минималните плати и пензиите реализирани во првите 100 дена од новата Влада

Животниот стандар на граѓаните и работниците значително подобрен со покаќување на минималната плата на 18 илјади денари, истовремено подобар е и квалитетот на пензионерите. Ова беа двата клучни чекори на новата Влада кои ги соопшти Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција за 100 дена работа на Владата..

„Во првите три недели од работата на Владата го остваривме ветувањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Директно го подобривме животниот стандард на граѓаните, на работниците. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, ефикасно и посветено постигнавме решение кое значи поддршката на граѓаните и економски раст и развој. Низ дијалог како вистински и единствен начин за изнаоѓање одржливи решенија, оваа Влада направи клучен чекор во вистинско време и покажа разбирање и за работниците и за работодавачите. Околу 160.000 граѓани сега добиваат најмалку 18.000 денари“, нагласи премиерот Ковачевски и додаде дека Владата останува посветена на политиките за раст на просечната плата и со силен интензитет да ја помага економијата. Со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, пензионерите секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка. Обезбедивме и директна финансиска помош, по 1000 денари плус за 3 месеци, односно вкупно 3.000 денари, за речиси 330 илјади пензионери. Со сите преземени активности, во 2022 година, на годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет“ – кажа Ковачевски.

Ковачевски на тематската прес конференција истакна дека Владата подготвено се соочи и со енергетската криза, со што граѓаните беа зашитетни од глобалните покачувања.

На оваа прес конференција Ковачевски истакна дека од големо значење за нашата држава е и започнувањето на преговорите за влез во ЕУ.

Лаура Стојанова М-Нет