
Првото коло од Првата македонска фудбалска лига беше комплетирано денес со одличната скопска пресметка каде Работнички му одржа лекција на Шкупи совладувајќи го со 3:1, со што продолжи традицијата на повеќе од три постигнати погодоци.
Работнички успеа да го отвори резултатот уште во 1. минута од натпреварот кој се одигра на „Борис Трајковски“ во Маџари, откако Мазари ја стресе противничката мрежа. Поранешниот шампион заигра поотворено и тоа резултираше со израмнување на старто од вториот дел со голот на Илиевски.
Победникот беше решен во последните 10 минути, откако Работнички победе со 2:1 со пенал кој го реализираше Мурати во 82. минута од мечот. Печат на победата за Работнички стави Стојановски во 96. минута за конечни 3:1.
Потсетување, вчера Брегалница со 2:1 славеше над Силекс во дербито на Истокот во Штип, Брера со 1:0 го доби Вардар во Струмица, Воска Спорт загуби минимално со 0:1 со Шкендија, шампионот Струга Трим Лум со 2:0 беше подобар од Гостивар, а цел „плен“ обезбеди и Тиквеш со минимален триумф од 1:0 над Македонија ЃП.