Приведен 73-годишник во Штип, физички го нападнал 47-годишниот син

На 22.03.2025 во 19.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д.(73) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом, по кратка расправија, упатувал закани и физички го нападнал неговиот 47-годишен син, а потоа со остар предмет продолжил со заканите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.