Приведен 50-годишник од Радање, попречувал контрола на трактор натоварен со огревно дрво

На 28.10.2023 во 23.45 часот во с.Радање, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.О.(50) од с.Радање. Тој се сомничи дека околу 14.30 часот во близина на селото со повеќе други лица попречувал вработени во ЈП „Национални шуми“ и полициски службеници при извршување службени дејствија, контрола на трактор натоварен со огревно дрво. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.