Приведен штипјанец поради физички напад на полициски службеник

На 03.10.2021, полициски службеник од Полициската станица Штип го лишил од слобода Ј.А.(54) од Штип затоа што на ул.„Гоце Делчев“ во Штип физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот против Ј.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.