Приведен возач во радовишко, возел со 2,69 промили алкохол

На 22.11.2025 во 23:05 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода С.М.(36) од село Ораовица, радовишко. По преземени мерки е утврдено дека под дејство на алкохол управувал патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, односно измерени му се 2,69 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријавс по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.