Прележаните во рок од 45 дена ќе имаат слободен влез на настани и во угостителски објекти

И граѓаните кои прележале ковид ќе можат да присуствуваат на масовни настани и да одат во угостителски објект. Ова е дополнувањето на мерката кое Министерот за здравство, Венко Филипче, го објави денес.

Тој посочи дека освен бараната потврда за имунизација, најмалку прва доза вакцина, доволно ќе биде да се покаже и потврда за прележан ковид во рок од 45 дена. Тоа се 30 неопходни дена да помине времето за да може да се вакцинираат и 15 дена да се организира вакцинацијата. За останатите сѐ уште важи мерката донесена на седница на Влада. Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза. Ќе има и задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за каков било настан на отворено (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Ребека Спасова МНет