
Почна казнувањето на возачите на електрични тротинети кои не ги почитуваат новите законски правила. За само неколку дена издадени се 12 парични казни за различни сообраќајни прекршоци. Најголем дел од нив се за возење на површини каде што не е дозволено движење на електрични тротинети. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, три казни се издадени за управување без заштитен шлем, прекршок за кој е предвидена глоба од 50 евра. Девет казни се за возење на недозволени површини, за што следува глоба од 80 евра, а евидентирана е и една казна од 100 евра за користење мобилен телефон при управување со електричен тротинет. Граѓаните го поддржуваат казнувањето, бидејки како што велат само тоа е решението и спасот. Додаваат дека вака терба да се казнуваат и возачите на мотори, кои се бучни особено во доцни часови.
Како што соопштуваат од МВР сите досега санкционирани се полнолетни лица, а засега не е одземен ниту еден електричен тротинет. Контролите ќе продолжат и во наредниот период со цел доследно почитување на новите правила и поголема безбедност во сообраќајот.
Иван Митев, М-Нет