Почина Енвер Сулејмани, човекот кој животот му го посвети на фудбалот

Тетовецот Енвер Сулејмани, човекот кој животот го посвети на фудбалот, ненадејно почина рано утринава. Сулејмани беше генерален директор на охридскиот прволигаш Воска Спорт.

Сулејмани во 90-тите години беше дел од тетовска Шкендија каде даде голем придонес во развојот на овој клуб, а потоа беше дел и од Ренова каде со „гипсарите“ од Џепчиште направи големи успеси освојувајќи ја Првата лига и Купот на Македонија.

Во 2013 година беше именуван за заменик генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија каде работеше до неговото пензионирање.

Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот.

Александар Ванев М-Нет