Погрешно е да се добиваат политички поени на мртви души, потенцираше Спасовски по случувањата во Карбинци

Да се добиваат политички поени на мртви души е многу погрешно, потенцираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот во Карбинци. По случувањата во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци, вчеравечер Спасовски истакна дека сите кои предизвикуваат страв кај граѓаните ќе бидат строго санкционирани, без разлика дали станува збор за градоначалник или некој друг.

„Ако некој смета дека се добиваат политички поени на мртви души тоа е многу погрешно, ако така сметал градоначалникот на Карбинци или било кој. Затоа се преземаат низа мерки и ќе бидат санкционирани сите кои предизвикуваат страв“ – вели Спасовски.

Од министерството апелираа до сите граѓани вклучувајќи ги и медиумите да не се шират невистинити информации и шпекулации со цел да не се создава дополнителна паника кај населениеток. Дополнително потенцираше дека вакви настани во никој случај не смеат да се користат за политички поени.

„Јас апелирав неколку пати, сега ќе ја повторам пак, упатувам апел до сите вас дека ова не смее да се употребува во политички причини.“ – додава Спасовски.

Вечра беше пријавено дека во основното училиште Страшо Пинџур во Карбинци имало обид за грабнување на две деца од шесто и деветто одделение. Градоначалникот Виктор Паунов потенцираше дека треба да има поголема заштита од полицијата. Од министерството уште вчера демантираа дека преку шпекулации се шири паника кај граѓаните, а имало само покана за кафе не и обид за киднапирање.

Лаура Стојанова М-Нет