Околу 60% повеќе пријави за автори и 100% повеќе за музика на конкурсот за фестивалот Весело штурче

Бројот на учесници за фестивалот „Весело штурче“ оваа година зголемен за 60%, а пријавите за музика двојно зголемени, покажуваат информациите од конкурсот кој практично заврши вчера. Заинтересираноста е огромна, а за првпат годинава пријави пристигнале и од автори надвор од Македонија со што фестивалот добива меѓународен карактер.

„Според она што ние го имаме како бројка имаме 82 пријави за учесници и 106 пријави за музика, текст и аранжман. За прв пат оваа година имаме пријави и од странство, од Естонија, Германија и Австралија. Се прошируваме и надвор од нашата држава што е и цел на Весело штурче, да стане Меѓународен фестивал.“ – вели Стеванвски.

Изборот на ученсици ќе биде доста тежок согласен е Стевановски, ама го радува фактот што има зголемена заинтересираност и дуплирање на бројот на пријави споредбено со претхондата година. Закажани се и аудициите, со што сите талентирани дечиња ќе бидат дел од овој фестивал.

„Па тежок избор, треба да избереме 20 до 22 композиции и исто толку солисти. Другите дечиња ќе бидат во хорот, навистина тежок ќе биде изборот. Аудуциите се закажани за 11 и 12 март во Дом на млади“ – додава Стевановски.

Конкурсот беше во два дела, учесниците можеа да се пријавуваат во категорија за автори и во делот на музика. Ова е единствениот фестивал каде предност се дава на авторите и самите тие се условно кажано организатори на истиот. Фестивалот Весело штурче ќе се одржи во втората половина на месец септември.

Лаура Стојанова М-Нет