
И покрај најавите дека за велигденските празници патот кон Беровското езеро ќе биде блокиран поради несиполнување на барањата на сопствениците на недижен имот од беровско, сепак тоа нема да се случи. Тие извесија дека мирниот протест ќе продолжи по велигденските празници, а туристите сепак за продолжениот викенд ќе може да уживаат во убавините на Беровоското езеро. Патот кон езертот беше блокиран само во текот на вчерашниот ден, со порака од сопствениците надлежните да излезат и да видат со што се соочуваат тие.
„Тој имот е тука наш, а тие фотељи каде што седат годподата тие се вртат, ама имотот останува на нас и на тие по нас. Да не очекуваат дека ние ќе се откажеме од протестот, нема.“
Сопствениците на недвижен имот од беровско бараат ревидирање на одлуката над 11 лјади хектари приватен имот да биде заштитено подрачје. Со тоа под знак прашалник се става ниванта егзистенција, бидејќи освен дрва не можат да одгледуваат ниту земјоделски производи.
Лаура Стојанова М-Нет