
Утре ќе се објави последниот повик од ИПАРД 2 програмата за мерката три – најави денеска Министерот за земјоделество Љупчо Николовски. Ова е последен повика од ИПАРД 2 програмата во која корист најмногу се забележа кај преработувачката индустрија. Вели понатаму со ИПАРД 3 програмата акцент ќе се стави на руралниот туризам и инвестициите во општините. Дециден е дека само со финасирање на општините може да се задржат младите и да се вратат во руралните средини.
„Утре Платежната агенција ќе го објави последниот повик од ИПАРД 2 програмата за мерка три – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи. Тоа е последен повик од ИПАРД 2 програмата 2014 – 2020. Вкупната финансиска поддршка е 8 милиони евра, наменети за нови инвестиции.“ – вели Николовски.
Мерката е пред финална постапка, а спред Бачовски е мерка која би требало да наиде на огромно задоволство кога се во прашање општините.
„Сметам дека тоа е мерка која ќе наиде на огромно задоволство кај општините“ – вели Бачовски.
Николовски во оваа прилика потенцираше дека радува фактот оти со ИПАРД 2 програмата 800 договори се потпишани со млади земјоделци под 40 години. Во ИПАР 2 целиот фокус беше во преработувачката индустрија, а во ИПАРД 3 програмата акцент се става на руралниот туризам.
Лаура Стојанова М-Нет