Никола од Штип наместо нови прозорци останал и без пари и без соодветно поставени прозорци и врати

Сакал да го реновира станот и да стави нови прозорци, ама од планираното ништо не успеално. Никола Стојанов од Штип, ангажирал фирма со цел да ги проемни старите дрвени прозорци и врати, се договорил, но она што го добил био далеку од посакуваното. Вели прозорците не се исти, дел од нив не се отвораат, а вратата не се затвора. Наместо убаво среден нов стан, како што вели Стојанов добил хаос.

„Дојде човекот, почнавме да се договараме, од договореното нема ништо. Наместо прозори, тој ми направи хаос во станот.“ – вели Стојанов.

Пред почетокот на работата оставил и капар, па сега додава дека останал и без пари и без соодветно наместени прозорци и врати.

„Од сите работи кои ги е правил ништо не е како што треба. Прозорците се сечени, лепени. Бараше капар, јас му дадов, а тој ништо не направи.“ – вели Стојанов.

Стојанов бара соодветна реакција, односно прозорците да бидат соодветно наместени со цел да може да ја продолжи работата со реновирање на станот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет