
Воведување на нови ковид мерки во државата за сега нема, соопштија од Министерствто за здравство, откако денеска Комисијата за заразни болести оддржа состанок. И покрај тоа што бројот на новозаразени се движи во нагорна линија, сепак во болниците има слободни места и државата се наоѓа во зелена зона. Но, од комисијата додадоа дека будно се следи ситуацијата со корона вирсуот.
„Според бројот на слободни болнички кревети, и малиот број на хоспитализирани и смртни случаи, се наоѓаме во зелена зона на низок ризок од трансмисија од ковид. Забележано е зголемување на амбулантски прегледи, но не се забележуваат зачестен број на компликации предизвикани од вирусот“, велат од Министерството за здравство, по консултација со Комисијата.
Во меѓувреме на сила остануваат веќе донесените мерки за заштита од Ковид 19, да се носи заштитна маска во јавен превоз, во здравствените институции, во аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Да се одржува дистанца и редовно да се мијат раце.
Од Комисијата за заштита од заразни болести работи велат дека работат и на реораганизација на системот на примарна заштита во деловите каде што е најзасегнат, а подетално за ова велат ќе информираат во понеделник кога повторно треба да се состанат.
Истовремено, граѓаните имаат можност да се вакцинираат со четврта доза вакцина, за поголема заштита на личното и колективно здравје.
Во изминатата недела бројот на новозразени лица од Ковид 19 е повисок за 79,9%.
Лаура Стојанова М-Нет