
Од Божик до Водици се некрстени денови, уште познати во народот како леунски и нечисти. Во овие заклуно 12 дена, старите ќе речат кружат нечисти и зли сили, па затоа по непишано правило свештениците во почетокот од годината ги посетуваат домовите, со цел да го внесат Божјот мир и светлина. И додека од една страна ваквата практика кај младите е речиси исчезната, од друга страна кај повозрасните може да се каже дека сеуште опстојува. Тие велат дека на тој начин, не само што се верува, туку и на дело тие чувствуваат како во домот прераснува хармонија, која е неопислива и необјаснива.
Православни христијани, веруваат дека кадењето на куќата ја брка негативната енергија, поради што често се практикува.
Темјанот е христијански ритуал и вклучува чистење на просторот од се што е несвето.
Кандилото и пламенот ја симболизираат светлината на Христа и светлината на животот на светителот пред чија икона се пали кандилото. Во исто време, ги потсетува членовите на своето домаќинство да живеат светол и чист живот.
Лаура Стојанова-Ќурчов, М-Нет