
Вчера со два натпревари се одигра 16. коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад.
Напредок натпреварот со Камјани го доби со службени 3:0, откако гостинската екипа по чекање од 30 минути не се појави на Градскиот стадион во Кичево.
Речица на домашен терен беше поразена од Зајази со резултат од 0:3. Ери Абдулахи погоди за 0:1 на полувреме уште во 8. минута. Во вториот дел Емран Матоши во 48. минута постигна гол за 0:2, а во 75. минута Бленд Џемаили стрелаше за конечни 0:3.
Од овој третолигашки регион во баражот за Втора лига ќе патува екипата на Влазерими Јуниор 1977.