
Секој брачен пар кој е во брак, треба да живее во благословен брак. Бидејќи голем број парови од разни причини немале можност да се венчаат претходно, вчера се организираше групно венчавање во Свети Николе. Над 20 брачни пара од државата вчерча беа дел од групното венчавање, по повод годишнина од осветувањето на црквата Света Лидија Македонска во Свети Николе.
“Се работи за групно венчание. Повод беше годишнина од осветувањето на храмот Света Лидија. Од причина што многу луѓе немаат вака прилика да се венчаат од разни причини решивме да организираме венчавка. Има 22 пара. Пред сѐ повозрасни луѓе, но има и неколку помлади пара. Има од Скопје, Штип, Пробиштип, но повеќето се од Свети Николе.“ – кажа отец Петрушевски.

Викторија и Ѓорги од Кочани се во брак веќе речиси 50 години. Заради одредени причиини кога биле млади не успеале да се венчаат во црква. Овој настан за нив значи многу, идентично како и за останатите парови кои се венчаа во црквата во Свети Николе.
На настанот присуствуваше и првиот човек на Општината, Дејан Владев кој истакна дека очекува ова да прерасне во традиција во наредните години.
„Оваа година првпат се одржува групно венчавање, на гледам и доста постари парови. Ова година има 25 пара кои изразија желба од некои причини порано што не се венчале, да се венчаат во овој прексрасен храм“ – кажа Владев.
Да живеат во слога и љубов, бракот да го крунисаат и пред Бога беа пораките кои вчера од Свети Николе се упатија до младите во државата.
Лаура Стојанова М-Нет