Мока кафе

Еве еден лесен и едноставен рецепт. За уште еден неодолив вкус на листата на кафиња. Станува збор за Мока кафе.

Потребни состојки :
2 dl топло сварено капучино
1 кафена лажичка незасладено какао
1 лажичка шеќер
50 ml млеко

Начин на подготовка:
Во стаклена чаша ставете го топлото капучино. Во него додадете го какаото, шеќерот и мешајте. Потоа, додадете го и ладното млеко.
Декорирајте со шлаг или чоколаден прелив.
На здравје кафе!

Надица Стојковска / М Нет