Минимална победа на Караорман над Тетекс

Денес беше комплетирана 19-тата рунда од Втората лига, откако во последниот меч одигран во Струга, Караорман со минимални 1:0 славеше над Тетекс и со тоа повеќе од јасно стружани ставаат печат на опстанокот во второлигашкото друштво.

Дуелот покрај езерото не понуди многу атракција, убавина и шанси за возбудлив фудбал со многу погодоци.

Мечот беше решен во 66. минута со голот на Марио Дебрешлиоски, кој е херојот на Караорман за нови три бода.

“Давеникот” Тетекс оди сигурно кон испаѓање во Трета лига – Запад. “Штофарите” до средината на мај, кога треба да заврши сезоната ќе се обидуваат да стигнат барем до бараж, но тоа ќе е повеќе од тешко.

Караорман со 26 бода изби на осмото место, а пак Тетекс е претпоследен со само 11 бода.