
Масовно пензионерите во Штип денеска се собраа повторно за да си ги побараат правата. Остануваат на барањето линеарно покачување на пензиите за 3500 денари, оти со 6% не се живее. Со 700 денари колку би било покачувањето на најмалите пензии не може да се излезе на крај со давачиките, согласни се тие. Бараат да се приспитаат одлуките на Министерството за покачувањето за само 6%.
„Гледај ја моменталната ситуација на пензионерите. На социјалните мрежи пишуваше пензионерите тријат раце, со 6% тријат раце??? Што ќе направи граѓанинот со 700 денари на овие високо шокантно високи цени.“ – велат пензионерите.
Поддршка и овојпат добија и од Претседателот на здружението на пензионери, Ристе Нетков. Во својот говор денеска истакна дека барањата на пензионерите се презентирани во Скопје и дека очекуваат позитивен исход. Дополнително оваа недела ќе се собира петиција за барањата на пензионерите да се достават во Скопје.
„Остануваме на ставот како прва точка линеарно покачување на пензиите за сите пензионери, втора точка која ја утврдивме да се минимизира најниската пензија. Во однонс на линеарното покачување интенција е тоа да биде некаде околу 3.500 денари следејќи ја инфлацијата.“ – вели Нетков.
Наредната недела ќе се соопштат одлуките од Скопје на штипските пензионери. Така ќе знае дали протестите ќе продолжат или не.
Лаура Стојанова М-Нет