Македонија со Данска ќе игра на „Паркен“ во Копенхаген, селекторот Ример верува во победа над нашата репрезентација!

Македонската фудбалска репрезентација во март ја очекува полуфиналето за пласман во Светското првенство 2026, а во кое ќе се соочи со Данска.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, култниот стадион има капацитет од нешто над 38 илјади гледачи, а продажбата на билетите за мечот меѓу Данска и Македонија се очекува да започне во месец февруари 2026 година.

Селекторот на Данска, Брајан Ример вели дека очекува пласман во следната фаза односно очекува победа над Македонија во Копенхаген, додава дека биле фокусирани да се избегне Шведска и тие се задоволни од тоа што ќе одат на мегдан со македонската репрезентација.

Подобриот од дуелот меѓу Данска и Македонија во финалето ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.

Александар Ванев, М-Нет