Македонија со голот на Трајковски го доби Казахстан

ФОТО: М Нет телевизија

М НЕТ ОД АСТАНА, КАЗАХСТАН

Македонската фудбалска репрезентација дојде до минимална, но важна и голема победа над Казахстан во далечната Астана од 0:1, во квалификацискиот меч за пласман на СП 2026.

Херој за македонската репрезентација е Александар Трајковски кој постигна еврогол во првиот дел од мечот и со неговиот гол Македонија во Скопје ги носи трите бодови.

Во вториот дел од натпреварот особено како одминуваше времето од мечот во Астана, Казахстан правеше притисок кон голот на Столе Димитриевски, но среќни околности имавме што репрезентативците на Казахстан во три наврати ја погодија рамката од македонскиот гол.

ФОТО: М Нет телевизија

Голем притисок кон голот на Столе имаше во судиското надополнување кога беше продолжен мечот за долги девет минути.

Македонија ја оствари својата цел – минимална победа, но големи три бодови.

Сега Македонија изби на првото место со осум бодови, а вечерва ќе го чекаме исходот од Белгија и Велс од нивното меѓусебно соочување.

Александар Ванев, М-Нет