
Локомотива Пехчево пролетниот дел од полусезоната во Втората македонска фудбалска лига го отвара против лидерот на табелата Гостивар на гостински терен.
Од клубот за телевизија М Нет велат дека се надеваат на позитивен резултат и дека со сигурност нема да заминат во Гостивар со бело знаме.
„Денес не очекува натпревар со лидерот Гостивар, кој е голем фаворит, но сигурно дека не одиме со бело знаме, имаме квалитетни млади фудбалери и се надеваме на позитивен резултат. Сигурно дека ќе покажеме добар фудбал и ќе се претставивме во најдобро светло пред гостиварската публика“, велат од клубот за телевизија М Нет.
Од Локомотива Пехчево си заминаа неколку фудбалери, но клубот се засили со нови десет квалитетни играчи кои ќе треба да помогнат клубот да има мирна завршница во шампионатот и најважно да го обезбедат опстанокот што е првична цел.
Нови имиња во Локомотива Пехчево се Артан Чилафи (Борец), Харбин Черица (Осијек, Хрватска), Нухи Јонуз (Влазнија, Косово), Емир Хусеиноски (Слога Виница), Хиџрет Рушити (Беса Добри Дол), Џезаир Авдули (Шкендија), Рилинд Ајдини (Кадино), Сумер Хасан (Слога Виница), Сунај Хасан (А&Н, Косово) и Флорент Османи (Тетекс).
