Кочоска Димитриеска: Приватниот сектор има проблем- нема доволно работници

Приватниот сектор има проблем- нема доволно работници, над 99 000 лица се невработени. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денес рече дека фокусот треба да се насочен кон преквалфикација на луѓе со цел да се намали притисокот за растот на просчена плата.

,,Приватниот сектор има проблем- нема доволно работници и тоа е тоа што го зборувам кога сме фокусирани на тој дел. Ако прашате во агенција за вработување голем е бројот на лица кои што се не вработени. Околу 99, 100 000 лица. Ние треба да се фокусираме во тој дел, од таму да го извлечиме потенцијалот да прквалификуваме луѓе за да го смириме притисокот за раст на просечната плата.“, рече Димитриеска Кочоска

Математички кога би се пресметувало, Димитриеска Кочоска рече дека ако се околу 150 000 лица, а над 650 000 се вработени, останатите се во приватниот сектор.

Според министерката Димитриеска Кочоска, проблемот околу растот на просчената плата е комплексен. Како што рече таа потребно е време за да се ситуацијата се среди, а за таа цел се работи во континуитет со што не се застанува.

Иван Митев, М-Нет